Македонија 23. април 2020. / 16:02

Николоски: Нечовечки е во време на криза, кога луѓе умираат, СДСМ да наметнува тема за избори

Николоски: Нечовечки е во време на криза, кога луѓе умираат, СДСМ да наметнува тема за избори

Наместо да се постапи на спасување на човечки животи и спасување на македонската економија, Зоран Заев и СДСМ се занимаваат со политика и политиканство, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на денешната прес конференција.

Тој смета дека е дегутантно, нечовечки во услови кога секој ден имаме нови болни од корона, во услови кога секој ден илјадници луѓе губат работни места и во услови кога за жал и семејства губат свои најблиски како последица на корона, било кој да зборува за датум за избори.

-Срамота е, дегунтатно е, да ви кажам искрено смачено ни е од ова однесување на СДСМ. Ова е нечовечко однесување на СДСМ во ваква криза да се наметнува тема за датум за избори мислам дека е нечовечки, рече Николоски.

Тој потенцираше дека како политика партија се спремни и ќе го победат СДСМ кога сакаат и каде сакаат, но, додава тој, сега во моментов прашање број еден за Македонија и за сите граѓани е да се спасат што повеќе човечки животи и да се спаси македонската економија.