Македонија 19. февруари 2020. / 20:17

Николоски: Не успеа планот на Заев и СДСМ да го забошотат „Рекет“

Николоски: Не успеа планот на Заев и СДСМ да го забошотат „Рекет“

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во своето гостување во емисијата „Топ Тема“ на Телма, истакна дека СДСМ на секаков начин се обидува да избегне одговорност од криминалот во кој е длабоко влезена. Николоски истакна дека главно прашање деновиве е што разговарале Зоран Заев и Вице Заев со обвинетите во случајот „Рекет“ неколку дена пред тие да бидат уапсени.

Николовски вели дека постоел мастер план за забошотување на случајот „Рекет“, план кој пропаднал поради објавувањето на снимките во „Ла Верита“.

Двајцата браќа Заеви имале средба на веќе во тој момент јавно познат случај „Рекет“ со двајца од тројцата осомничени. Три дена бегаат од јавноста да кажат за што зборувале. Јавното обвинителество не ги објавува разговорите, туку ги објавува само видео снимките коишто мора да ги има стекнато затоа што јасно е кажано дека се барани наредеби и за физичко следење и за аудио и за видео. Попладнево Вице Заев имаше демант во кој не демантираа ништо затоа што сите го видовме она што го видовме во медиумите. Моето прашање до Вице и до брат му Зоран да кажат што зборувале со Катица Јанева и со Зоран Милевски Кичеец неколку дена пред да бидат уапсени и едниот и другиот. Дали се спремал мастер план за забошотување на случајот „Рекет“, и дали тој мастер план им го расипал објавувањето на смиките во италијанскиот медиум „Ла Верита“ – изјави Николоски.