Македонија 19. мај 2020. / 19:10

Николоски: Нашите предлози за избори се 23 август, 30 август и 13 септември, здравјето на граѓаните на прво место

Николоски: Нашите предлози за избори се 23 август, 30 август и 13 септември, здравјето на граѓаните на прво место

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМЕ во своето гостување во телевизија 24 зборуваше за парламентарните избори каде посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е за избори, но избори кои ќе вклучуваат целосна заштита на здравјето на граѓаните.

Точно, нашите предлози се 23 август, 30 август и 13 септември возможно беше и 6 септември, но имајќи предвид дека е националниот празник 8-ми септември и ќе е продолжен викенд затоа ги даваме овие три опции. ВМРО-ДПМНЕ е апсолутно за избори, вусшност и ние сакаме да одиме на избори за да успееме и да формираме влада и тоа е целта на нашата политичка партија и од таа страна не треба да има дилема што мисли ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ сака да оди и да победи на избори но тие избори мора да се со целосна заштита на здравјето на граѓаните што, за жал, во моментот не го гледаме. Со гаранција дека нема да имаме новозаболени и мртви заради гласањето, со гаранција или извесност дека нема да имаме новозаболени и мртви заради кампањата, со доволна информативност на граѓаните што е една од основните пилари на едни фер и демократски и со голема партиципативност на граѓаните на истите избори затоа што ова брзање на СДСМ нас ќе не одведе во избори без кампања, во избори во кои што граѓаните нема да можат да ги слушнат граѓаните ниту да ги видат кандидатите на политичките партии и ќе не одведе до ситуација кога излегувањето на избори ќе значи ризик по живот на граѓаните. Многу граѓаните три пати ќе размислат дали да излезат што може да не доведе до ситуација очајно ниска излезност што ќе го доведе до прашање целиот кредибилитет на изборниот процес, истакна Николоски.

Николоски во своето гостување запраша што е проблемот на СДСМ да се поместат изборите за месец и пол до два месеци.