Македонија 15. јануари 2021. / 22:01

Николоски: Наместо да се занимава со државата и економијата, Заев троши енергија на дискредитација на ВМРО-ДПМНЕ

Николоски: Наместо да се занимава со државата и економијата, Заев троши енергија на дискредитација на ВМРО-ДПМНЕ

За Македонија е клучно прашање во иднина дали Зоран Заев ќе си оди или не,  изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вечерва во емисијата “Јади бурек” на телевизија Сонце.

Најлошо е тоа што СДСМ сака да ја уништи ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е најлошо што може една партија да го прави, затоа што секоја партија што тоа го посакува е копање гроб на самата себе или паѓање во гробот што го копале. Ќе падне и Заев во гробот што го копа, кажа Николоски.

-Затоа што наместо да се занимава со државата, како да ја оправа државата и да оди напред тој се занимава со ВМРО-ДПМНЕ веќе 4-та година. Но, тој проект нема да му успее затоа што ВМРО-ДПМНЕ е многу поголемо од било која власт во Македонија. И таа енергија што ја потроши на дискредитација на ВМРО-ДПМНЕ или преземање на ВМРО-ДПМНЕ преку уценети луѓе, да ја потрошеше за Македонија сега ќе имавме минимум два автопатишта, рече Николоски.