Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување на тв24 потенцираше дека не се слага со политиката на владата која на проблемите им пристапува со инфериорност и во случајот со Бугарија е доколку Македонија е посредена внатре, ќе има поголем притисок врз Софија да не го прави ова.
Николоски смета дека Македонија не ги решила сите проблеми и денес сме сите свесни дека Македонија се доведени пред невозможен избор, да се одродат или земјата да не напредува на начин што нема да напредува на начин за да преговара со ЕУ.
-Тоа не е избор, македонската јавност беше убедувана три години дека сите проблеми се решени. Од ситуација дека договорот е совршен до блокада покажува дека нешто не се пренетирало во изминатиот период и дека проблемите се ставани под тепих. Има работи ки јавно не беа објавени и ние ги презентиравме. Знаеме сите кој го крши договорот, рече Николоски.
Најлошата услуга на сопствениот народ е да потпишете лош договор, смета Николоски. Во ситуација кога позицијата на земјата е послаба од Бугарија е политички аматеризам. Македонија не доби датум ниту 2018, ниту 2019, ниту во март годинава, денес кога виси меѓувладината конференција, а проблем е несреденоста во Македонија и немање прогрес. Македонија не напредува и тоа е факт.