Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски денеска оствари средба со конгресменот Ренди Халтгрен, Мајкл Столтцфус, Тод Хендрикс, Кен Форд и Бен Смит, претставници на Националниот молитвен појадок од САД.
Како што информира Николоски, на средбата зборуваа за искуствата и придобивките од оваа повеќедецинска традиција која прераснува во глобален натпартиски, надидеолошки и наднационален концепт.
Тие исто така се осврнаа и на глобалните придизвици, за на крај да заклучат дека просперитетна иднина за сите се гради само преку помирување.
– Денес имав прилика да се сретнам со конгресменот Ренди Халтгрен, Мајкл Столтцфус, Тод Хендрикс, Кен Форд и Бен Смит, претставници на Националниот молитвен појадок од САД. На средбата се зборуваше за искуствата и придобивките од оваа повеќедецинска традиција која прераснува во глобален натпартиски, надидеолошки и наднационален концепт. На средбата дискутиравме и за регионалните, европски и глобални предизвици и заедно заклучивме дека само преку помирување може да се гради просперитетна иднина за сите. – напиша Николоски на Фејсбук.