Македонија 30. јануари 2020. / 18:08

Николоски на молитвен појадок кај Трамп во Вашингтон

Николоски на молитвен појадок кај Трамп во Вашингтон

Ја имам честа следната недела да бидам поканет на молитвениот појадок кој го организира претседателот на САД, Доналд Трамп и така што во Вашингтон ќе ја имам таа ретка можност да присуствувам на молитвениот појадок, да се сретнам со бројни светски лидери и да размениме мислењ. Ова е потврда за политиките на ВМРО-ДПМНЕ кој што отсекогаш биле и остануваат насочени кон тесна соработка со САД, истакна Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во вестите на Канал 5.

Тој во вестите зборуваше за следните активноста на ВМРО-ДПМНЕ при што посочи дека партијата е посветена на подготовка на програмата бидејќи сака да има квалитетни програми и проекти и истакна дека се поизвесна е победата на ВМРО-ДПМНЕ на следните парламентарни избори.