Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во разговор за Канал 5 изјави дека на Македонија и се потребни промени и влада за национално единство.
Според Николоски само здрава патриотска влада може да постигне договор со Бугарија.
-Бараме предвремени парламентарни избори кон средината на 2021, вели Николоски.
Тој обвинува дека наместо со консензус, власта „шверцерски“ сака да го донесе Законот за попис.
Николоски вели дека изборите се најрелевантна анкета за довербата на граѓаните во партиите.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека работат на окрупнување на опозицијата и соработка со опозициските албански партии.