Делегација на ВМРО-ДПМНЕ на чело со потпретседателот Александар Николоски денеска положија цвеќе во спомен на загинатите кај Карпалак 2001 година.
-18 години од големата трагедија на Карпалак. Да изразиме почит кон хероите. Нив им должиме многу, им ја должиме слободата која што ја имаме денес. Мора да го чуваме споменот и мора да ја чуваме унитарна и целовита Македонија затоа што за тоа се бореа овие херои, порача Николоски.
На денешен ден пред точно 18 години во 9:30 часот, на автопатот Скопје – Тетово, армискиот конвој составен од пет возила и 120 резервисти влезе во заседа кај месноста Карпалак, при што биле убиени и масакрирани 10 прилепски резервисти.
–За нивните семејства тоа е вечен непробол, за Македонија тие се херои. Такви беа, се и ќе продолжат да бидат. Како и сите останати кои што го положија животот во 2001 година, сите оние кои што беа повредени и сите кои што учествуваа во тој воен конфликт. Мора да го чуваме споменот и мора да ја чуваме унитарна и целовита Македонија, затоа што за тоа се бореа овие луѓе. За жал гледаме дека во изминатиов период Македонија е нападната, но со нивниот аманет мора да продолжиме да се бориме и да ја чуваме државата, додаде Николоски.