Македонија 06. јуни 2019. / 23:19

Николоски: Месец дена однапред се знае кој ќе го добие тендерот за стерилизација на инструментите

Николоски: Месец дена однапред се знае кој ќе го добие тендерот за стерилизација на инструментите

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, во гостување во емисија на Клик Плус, се осврна на тендерска постапка на Министерството за здравство, за приватизација на стерилизацијата во Јавните здравствени институции.

Целата скопска чаршија пред месец дена знае кој ќе го добие тендерот и Македонија и Албанија се мали средини. Самите од Министерството за Здравство кажаа дека седум фирми се пријавиле на тендер, наеднаш пет фирми мистериозно го изгубиле интересот, и на крај идат две фирми една албанска и една италијанска, ова е сличен скандал, како со обидот да се приватизираат сите лабораторииво државата, кога Жути 45, требаше да го добие тендерот од 37 милиони евра, со кој ќе добиеше целосен монопол на сите лабораторииво здравствените организации во Македонија, заради големата реакција од јавноста тогаш тој тендер беше повлечен, но сега гледам овој тендер решиле да го тераат по секоја цена . Зошто знаат дека крајот им е блиску, па очиглено сакаат нешто да заработат, рече Николоски.