Македонија 06. јуни 2019. / 22:04

Николоски: Македонија оваа година нема да започне преговори за членство во ЕУ

Николоски: Македонија оваа година нема да започне преговори за членство во ЕУ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски е гостин во емисијата Клик Плус. Николоски беше прашан дали Македонија ќе добие датум за почеток на прегововори, бидејќи инфомарциите кои доаѓаа од Брисел се различни.

Моите информации се дека и оваа година Македонија нема да добие датум за почеток на преговори, односно во јуни нема да имаме почеток на преговори , рече Николоски.

Николоски потсети дека направил две прогнози во минатото, едната во април а другата во ноември минатата година и дека двете се оствариле, и додава дека не е среќен што неговите прогнози се оствариле. И дека и тој и цело ВМРО-ДПМНЕ сакаат Македонија да напредува а се напредува преку членство во ЕУ.

Ексклузивно за вашата емисија ќе направам трета прогноза, а тоа е дека Македонија нема да отпочне преговори, ниту во јуни, ниту во јули, ниту во октомври, ниту до крајот на оваа година, рече Николоски.