На денешниот ТВ дуел меѓу Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и Радмила Шекеринска од СДСМ на ТВ 24, дебатираа за изборите и коронакризата.
Николоски посочи дека не може да се споредува Македонија со Хрватска, затоа што во Хрватска има многу малку новозаразни случаи од коронавирус во последниве денови, за разлика од таму во Македонија не само што не паѓа тој број на новоразарени, туку дека бројот на новозаразени во Македонија е слична како кога Македонија прогласи вонредна сосотојба во март. Николоски додаде дека на милион жители Македонија има највеќе починати споредено со било која држава од регионот.
Николоски додаде дека на СДСМ му се брза на избори зошто смета дека ќе има помала излезност и на таков начин ќе го ублажат изборниот пораз.