Ние не сме ни Грци, ни Бугари, ни Срби ами просто Македонци, порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Тој додаде дека Македонија за жал утре, со Заев и со најнеспособната власт во историјата на Македонија, а за најпредавничката сте сите свесни, кој знае по кој ред „датумот за почетокот на преговори“.
Односно, рече Николоски, за жал Македонија и утре нема да добие датум за почеток на преговори со Зоран Заев.
Николоски и порача на власта – ако имаат малку доблест и достоинство утре треба да поднесат оставка сите, од прв до последен, цела Влада, на чело со Зоран Заев затоа што четири години го лажат македонскиот народ.
„Точно е дека има голема вина во непринципиелните барања на Бугарија ама точни се уште две работи. Првата – Кога сте спремен да ја платите секоја цена ја плаќате највисоката цена. Видоа нашите соседи дека Заев е сремен да ја плати секоја цена и решија да добијат нешто нивните претходници политичари не го ни сонувале. Решија да добијат нешто што е повеќе од 150 годишна битка на овие простори. Тука апсолутно одговорноста е кај Заев, Никола Диитров, Радила Шекеринска и останата екипа со нив. И втората работа е дека Македонија не почна и не почнува преговори со ЕУ затоа што во Македонија цветаат криминалот и корупцијата“, појасни Николоски.