Претседателот и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Александар Николоски денеска остварија средба со претседателот на македонското друштво „Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај.
За ова на неговиот фејсбук профил информираше Николоски која напиша дека Македонците во Албанија секогаш може да сметаат на ВМРО-ДПМНЕ.
На средбата разговаравме за положбата на Македонците во Албанија и актуелната политичка состојба во Македонија. Македонците од Албанија се наша гордост. Секогаш може да сметаат на ВМРО-ДПМНЕ, добра соработка со цел јакнење на македонскиот национален идентитет, пишува Николоски.