Македонија 15. март 2020. / 13:42

Николоски: Корона вирусот ќе предизвика сериозна економска криза, а не се презема ништо да се ублажи ударот

Николоски: Корона вирусот ќе предизвика сериозна економска криза, а не се презема ништо да се ублажи ударот

Македонија се соочува со сериозна појава, чии прогнози кажуваат дека, за жал, состојбата сама ќе се влошува. Колку посеопфатни ќе бидат мерките и колку ќе бидат побрзи толку помали ќе бидат последиците, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во однос на ширењето на корона вирусот. Тој им посака брзо оздравување на досега заразените, но истовремено предупрдеди дека покрај здравствените, ќе има и многу сериозни економски последици. Како што потенцира Николоски, како цела  Европа, така и Македонија, се соочуваат и во наредниот период ќе се соочуваат со сериозна економска криза како последица на ова што се случува со корона вирусот.

Поради тие причини, Николоски искажа голема разочараност што Владата останува нема на подадената рака за помош, понудена од ВМРО-ДПМНЕ во овој момент и апелира дека во ваков момент сите мора да се стават над политичкиот моментум и партиските интереси.

Ова не смее да се претвори во арена и кампањи на политички мркетинг кое што за жал го гледаме деновиве. Повеќе работа, помалку политички маркетинг е тоа што треба да се случува во следниот период. На повидок е можеби најголемата економска криза од осамостојувањето на државата. Неработењето на компаниите предизвикува огромна штета, која значи дека можеби нема да може да се исплаќаат плати во наредните месеци, а тоа ќе значи дополнителен шок за граѓаните. Затоа бараме тие штети да ги надомести државата – истакна Николоски.