Македонија 24. јуни 2019. / 15:23

Николоски ќе учествува на сесијата на Парламентарното собрание на Совет на Европа

Николоски ќе учествува на сесијата на Парламентарното собрание на Совет на Европа

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, од денеска до среда ќе учествува на летната сесија на Парламентарно собрание на Совет на Европа во Стразбург. Николоски ќе земе учество на покана на Совет на Европа како почесен член, кој го стекна заради неговиот ангажман на високи позиции во Советот и резултатите кои ги постигна.

Сесијата на ПС на Совет на Европа е посебно интересна затоа што на неа се одбележува 70-тата годишнина од Советот на Европа, како најстара европска организација основана во 1949г.

Исто така Парламентарното собрание на Советот на Европа ќе го избере новиот генерален секретар на Организацијата.

Собранието исто така ќе разговара околу ситуацијата во Сирија, пост мониторинг дијалог со Бугарија, ќе се разговара и за убиството на Борис Немцов и санкции и мерки од страна на земјите членки, како и за Буџетот на Советот на Европа и Парламентарното Собрание. Покрај ова ќе има и слободна дебата.

Николоски учеството на сесијата ќе го искористи за бројни билатерлни средби. Денеска тој оствари средба со Претседателот на Европската Народна Партија, Жозеф Дол кој исто така учествува на сесијата.