Потпретседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Александар Николоски денеска ќе се сретне со Н.Е. Дирк Јан Коп, амбасадор на Кралството Холандија.
Николоски вчера оствари средба со амбасадорката на Португалија, Н.Е. Марија Виргина Мендес де Силва Пина, а разговараа за актуелните состојби во Македонија и во ЕУ, регионалната политика, актуелната состојба предизвикана од пандемијата со Ковид-19, процесот на вакцинација.