Македонија 22. јуни 2020. / 19:34

Николоски: Ќе го победам Заев кај него дома, победата на гостински терен е најслатка

Николоски: Ќе го победам Заев кај него дома, победата на гостински терен е најслатка

Носителот во четвртата изборна единица и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски е убеден дека ќе го победи лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Николоски смета дека во четвртата изборна единица е најмалку направено и оти ќе има лесна задача.

Ќе имам најлесна задача од сите носители. Имам најлесен противник, во четворката е најмалку направено. До  Прилеп не може да се стигне да стигне, автопатот кон Скопје не се гради. Затоа ќе го победам дома, и затоа решив да одам таму. Победата на гостински терен е најслатка, рече Николоски во емисијата „Само вистина“.

Тој вели дека секој ден се гледа по некој „еклатантен пример за рекет“, а Јавното обвинителство не презема ништо, туку единствено ги осудило ситните риби во случајот „рекет“, иако, според него, се знаело „кој е главата на рекетот и каде завршиле парите од рекетот на бизнисмените“.

Николовски истакна дека ниту еден европски политичар не сака да има средба со корумпирани политичари од земјава и тврдејќи дека ниту еден политичар немал билатерална средба со поранешниот премиер Зоран Заев, откако излегле аферите со корупцијата.