Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски појасни како Заев ги краде парите од Буџетот.
–Да го објасниме пластично буџетот, да замислиме дека буџетот е 1000 денари. Владата и Заев планираат да потрошат оваа година 1000 денари, од тие 1000 денари ќе соберат 900, а ќе се задолжат за 100 денари кај банки со камата, а кај народот за помош за задржување на работните места како и борба со корона кризата ќе вратат само 82 денари! Заев троши 1000 денари, но на народот враќа само 82 денари. Прашањето е каде се другите пари? Каде се 92% од буџетот? Пари кои ги краде Заев!, рече Николоски.