Македонија 14. декември 2020. / 19:37

Николоски: Како е возможно угостителските објекти да работат до 21 часот, а синоќа во Штип да си седат по 21 часот?

Николоски: Како е возможно угостителските објекти да работат до 21 часот, а синоќа во Штип да си седат по 21 часот?

Во  однос на 100 дена влада се работи на старо нова колалиција, исти партнери, исти фигури, јас велам дека оваа е коалиција на лагата,  клучните ветувања не ги исполнија, прва одлука на новото владино мнозинство беше на црногорскиот  бизнисмен Дака, да му дадat земјиште во Тетово, од кој ќе има огромен профит, изјави во емисијата „Само вистина“ , Александар Николоски, потпретседател  на ВМРО ДПМНЕ.

Потоа влегоа во пазар со Бугарија и да тргуваат со македонскиот идентитет, не го потпишаа договорот заради протестите, а во  во однос на здраствената криза , недостасува менанџмент .. Како е возможно во март или април со 30 заболени да се прогласува карантин, а денес не.  Како е возможно угостителските објекти да работат до 21 часот, а синоќа во Штип да си седат по  21 часот, зошто мерките ги носат еден ден по завршување на изборите во Штип. Како е возможно Заев да најави денес мерки, а да ги предлага Комисијата за заразни болести, изјави  Александар Николоски, потпретседател  на ВМРО ДПМНЕ..