СДСМ има ангажирано на изборите странска куќа за односи со јавност и маркетинг и тие му имаат речено да најави промени. А ова поминува кога има личност која има кредибилитет, и таква личност може да најави промени, а не личност како Зоран Заев, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на една национална телевизија коментирајќи ги најавите на премиерот Заев дека ќе прави промени по слабиот резултат на првиот круг на претседателските избори.
– Никој не му верува зошто прв треба да биде изметен со метлата. Овде лично премиерот е најкорумпиран, затоа оваа алатка која му ја кажала, таа скапо платена маркетинг куќа, не поминува. – рече Николоски.
Коментирајќи за непотизмот во власта, Николоски посочи дека Заев мора да е информиран, зошто секое вработување поминување низ многу филтри.
– Него сега му се случува да биде фатен од јавност како лаже и тој не знае како да излезе од целата работа. – посочи Николоски.