Македонија 27. декември 2019. / 14:37

Николоски: Јасно е дека Заев бега од одговор зашто не го пријавил случајот ,,Рекет”

Николоски: Јасно е дека Заев бега од одговор зашто не го пријавил случајот ,,Рекет”

ЗОРАН ЗАЕВ БЕГА ОД ОДГОВОР ДАЛИ НАВИСТИНА ГО ПРИЈАВИЛ СЛУЧАЈОТ ,,РЕКЕТ” !, напиша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

-Пред една недела побарав Зоран Заев да ја покаже белешката од пријавата на случајот ,,Рекет”. Имено неговиот ПР тим тврди дека тој прв пријавил за “Рекет”, ако е така нека ја покаже белешката од пријавата.

После мое упорно инсистирање во понеделникот кажа дека требало да провери во агендата кој ден и каде го пријавил ,,Рекет”. Па јавно прашувам пет дена ли му требаат да провери кога го сторил тоа? Пет дена неможе да ја провери сопствената агенда? Па веќе никој не верува на овие лаги, провидно е…

Јасно е дека бега од одговор зашто Зоран Заев не го пријавил ,,Рекет”. После една недела тоа е заклучокот и вистината за ,,Рекет”, Зоран Заев не го пријавил зашто самиот тој е на врвот на пирамидата, напиша Николоски на Фејсбук.