Јас со златни вилушки ниту ручам ниту вечерам, јас не возам Ауди а7 , ниту БМВ, тоа е разликата помеѓу мене и било кој од СДСМ.
Нема ниту споредба со Мицкоски и Заев и неможеме да кажеме дека сме исти, изјави Александар Николовски, потпретседател на ВМРО ДПМНЕ во емисијата Јади Бурек на ТВ Сонце.
Единствениот начин да падне власта е граѓаните да излезат на гласање. Позади параванот никој не знае што се заокружува. Јас бев носител на четврта изборна единица, на последните избори Зоран Заев во акт на паника, почна дента на избори да дава по 200 евра за глас, 200 илјади евра за поткуп потроши во Кавадарци , живи беа фатени како беа делени пари, изјави Николоски.
На овие избори ќе му се случи фијаско. Нема само еден начин да се симне власт, туку комбинација. Она што мене ме загрижува е што за жал короната трае предолго и она што по ВМРО ДПМНЕ е препознатливо, а тоа е теренот , кажа Николоски.