Потпретседаелот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, на социјалните мрежи објави видео од дебатна емисија во која учествува со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во која се гледа дека уште на 18. септември обелоденил оти Димитров знаел за аферата „Рекет“, но дека не пријавил до надлежните.
Во телевизиски дуел со Никола Димитров уште на 18ти Септември оваа година го кажав тоа што вчера и во суд излезе на виделина. Димитров знаел за Рекет ама не пријавил! Знаел дека Боки 13, синот на Катица Јанева и компанија подржани и координирани од врвот на СДСМ рекетирале. Знаел дека од еден стопанственик од истокот на Македонија побарале 2 милиони евра! Знаел дека затоа што човекот не се согласил да плати бил изложен на терор од СЈО и неосновано гонет! Знаел дека тој човек има и висока дипломатска титула- почесен конзул на Латвија- земја членка на ЕУ! Знаел а не пријавил! Тоа го прави сооучесник. Според Кривичниот законик одговараат и оние кои прикриваат кривични дела и нивни сторители. И уште нешто- ако е така како што тврди Димитров дека со амбасадорот не зборувале на таа тема има едноставен начин да ги затвори дилемите во јавност – само нека ја покаже белешката од разговорот со амбасадорот. Но како што имам информации белешка од тој разговор нема, затоа што Димитров не сакал во официјален документ на МНР да стои тоа што тој го слушнал за Рекет. Ако образложението му е дека бил неформален разговор добро знае или треба да знае дека таква работа во дипломатијата нема! Белешка мора да има од секоја комуникација со амбасадор. Ако ја има нека ја покаже или достави до суд!
Во спротивно треба да поднесе оставка од Министер а Јавното обвинителство треба да го гони за прикривање на сторители на тешко кривично дело – пишува Николоски.