Претседателот Ѓорѓе Иванов, додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, одбил да потпише сет на закони за реформи во разузнавачките служби, со кои што се концентрира моќта на едно место. Ова ексклузивно го откри потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вчерашното гостување на телевизијата 24.
– Овој сет на закони е многу сличен на еден сет на закони кој што го предлагаше во тоа време владата на ВМРО-ДПМНЕ, односно Управата за безбедност и контраразузнавање. Претседателот Иванов јасно кажа на координациите дека нема да ги потпише законите затоа што ставаат премногу моќ во рацете на една личност и затоа тие закони не го видоа светлото на денот. – изјави Николоски.
Сега сличен таков сет на закони предлага СДСМ.
Со измените на законодавството, поголема улога добива и претседателот на Владата. Тој според предлогот ќе го предлага директорот на новата УБК, а исто така ќе ја води и координацијата на националната разузнавачка заедница, во која ќе разменуваат информации сите три тајни служби, новата агенција, агенцијата за разузнавање и военото разузнавање.
Николоски смета дека идниот претседател на државата треба да биде коректив на власта, а професорката Гордана Силјановска Давкова, според него, има капацитет да биде тоа.