Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Никооски во Студио 10 на Тв24 зборуваше за ситуацијата со Ковид-19 во Македонија.
Како што рече Николоски, коронавирусот е нешто што никој од светските епидемиолози не можеше да го претпостави, ниту да се подготвува. Тоа се процеси кои се во тек. Но тажната вистина е дека во Македонија се случува стихија.
-Ако го гледате целиот процес од првите случаи правилата кои важат за модерниот свет не важат во Македонија. Имаше цело време варирање на бројките, стихија кога не го контролирате процесот. Големата смртност исфрла друг проблем, а тоа е здравствениот систем, потенцира Николоски.
Десетици илјади имаат проблем, вели, а тоа е национална трагедија.
-Најдобрите експерти треба да се искористат. Не е работа на политичарите да кажуваат што треба, што не треба. Не смеат да бидат политички мотивирани, а се, смета Николоски.
Според него има чесни луѓе во Комисијата за заразни болести што си ја знаат работата, има луѓе кои повеќе ги интересира политиката, а мнозинството не се ни вклучени.
-Има политичка координација во Комисијата за заразни болести, рече Николоски.