Во гостувањето во емисијата Фактор магазин на телевизија 24, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, за понуденото помирување од страна на Зоран Заев вели дека е со цел да се тргува со правдата.
Иако многу порано, рече Николоски, пред да дојде потребата од гласање на уставните амандмани, ВМРО-ДПМНЕ понуди да се изврши помирување, тоа тогаш беше одбиено.
-Сега кога владата има потреба да го спроведе договорот во Собранието да изврши уставни измени, одеднаш Заев нуди помирување. Идејата за помирување е со трговска природа и не е чесна, истакна Николоски.