Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски е гостин на ТВ 24 во емисијата ,,24 анализа”. Каде се дискутира за актуелната политичка ситуација во Македонија.
Идентитетот останува веројатно како што им останува на Индијанците во Северна Америка, тие знаат дека се Индијанци, по дома си кажуваат дека се Индијанци, освен во резерватите никаде не се признати, ние ниту резерват немаме така што ќе си кажуваме по дома дека сме Македонци, но никаде надвор, освен во сопствените домови нема да можеме да го кажеме тоа. Што е една национална катастрофа непозната во светската историја. Јас не знам за втор народ што ова му се има случено, истакна Николоски во ,,24 анализа”.