Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, во вчерашното гостување во емисијата Клан Дебата, на косовската телевизија Клан, истакна дека со Договорот од Преспа, Македонија никогаш нема да стане членка на ЕУ, бидејќи Грција нема да го дозволи тоа.
-Ние ќе станеме втора Турција, ќе бидеме секогаш во процес на преговори, но никогаш нема да станеме членка – истакна Николоски.
Според него Грција согласно Договорот има право да стави вето на отворање на секое следно поглавје во процесот на преговори на Македонија со Европската Унија, доколку е незадоволна од извештаите кои ќе се поднесуваат во јуни и декември секоја година.
–Теоретски Македонија да прифати се што Грците ќе побараат и дополнително национално да се понижи. Секогаш кога на грчки премиер ќе му е потребно да си го крене рејтингот дома ќе стави блокада на следното поглавје во процесот на преговори со ЕУ што во превод ќе значи дека ние никогаш нема да ги завршиме преговорите за членство во ЕУ – рече Николоски.