Македонија 22. April 2019. / 15:54

Николоски: Граѓаните вчера на избори, а судот денес на судење потврди дека Вице Заев е главен бизнис фактор во државата

Николоски: Граѓаните вчера на избори, а судот денес на судење потврди дека Вице Заев е главен бизнис фактор во државата

Основниот суд Скопје 2 делумно го прифати тужбеното барање на братот на премиерот Заев кој за нарушен углед и чест бараше 30.000 ден од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски. Во пресудата на судијата Кети Германова се вели дека од изнесените докази се утврдило дека наводите кои ги споменува Николоски во изјавата не се потврдени па тие не се основа да се верува во нив.

Според пресудата, со изјавата на Николоски единствено имало повреда на нематеријално право.

-Можам да кажам дека сум делумно задоволен од одлуката на судот. Во однос на самиот процес би сакал да Ви се заблагодарам што го следевте, а во исто време морам да истакнам дека односот на судот беше коректен, како што не беше односот и на тужителот, на Вице Заев, кој што од четири рочишта се појави на едно, денес дури ни адвокатот негов не дојде, што само покажува колкава почит имаат спрема судот, пред институциите, пред Вас јавноста и пред мене како тужен во овој случај. Бидејќи не го тужам јас, тој ме тужи мене.

Во однос на одлуката очигедно е дека судот односно судијата, заради кој стои на другата страна бил под сериозен притисок и се обидувал она што е очигледно и што е јасно да го направи на начин што Вице Заев нема целосно да го изгуби образот, но затоа кога ќе ја добијам пресудата писмено ќе се жалам на Апелационен суд и моја цел е целосно ова службено барање да биде одбиено, а не делумно како што кажа судот. Задоволен сум од делот каде што службеното барање е одбиено во однос на материјалната надокнада и во однос на делот којшто се однесува на главен бизнис фактор во државата. Во однос на делот на наместени тендери, јас јасно кажав дека тој дел од изјавата се однесува на работењето на Владата, тоа беше јасно, слушнато од сите вас. Но повторувам очигледно поради притисокот којшто се врши врз судството во Република Македонија и јавен и позади завеса, се обиде судот со она што требаше да биде 100 % одбивање на службеното барање да на некој начин го избалансира, за колку толку Вице Заев да може да го задржи образот, но нема да го задржи образот затоа што во Апелација ќе го изгуби и овој дел.

Во однос на тоа дека Вице Заев е главен бизнис фактор во државата, денес потврди судот, а вчера потврдија граѓаните на изборите со резултатот којшто го имавме, така што потврдено на избори, потврдено од суд, Вице Заев е главен бизнис фактор во државата, изјави Николоски.