Македонија 16. декември 2020. / 14:11

(ВИДЕО) Николоски ги откри причините поради кои ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата му свртеа грб на Пендаровски

(ВИДЕО) Николоски ги откри причините поради кои ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата му свртеа грб на Пендаровски

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на прес-конференција во Собранието ги откри причините поради кои ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата го напуштија годишното обраќање на претседателот Стево Пендаровски.

Николовски во обраќањето нагласи дека Стево Пендаровски не е претседател на сите граѓани на Република Македонија, туку, како што рече, извршител на една политичка структура и извршител на Зоран Заев. Со тоа, додава пратеникот, Пендаровкси им свртел грб на македонските граѓани и затоа денес пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата решиле да му свртат грб нему, а потоа ја напуштија салата во која што претседатлот имаше обраќање.

-Стево Пендаровски е прв кој кажа дека нашиот национален херој Гоце Делчев е Бугарин, и со тоа ги сруши македонските национални позиции ја отвори пандорината кутија, ги оневозможи историчарите на научна основа да разговараат за историјата, во преговорите внесе политика, ги поткопа темелите на македонската самобитност, македонскиот национален идентитет, самобитноста на македонскиот јазик и посебноста на македонската историја, изјави Николоски во обраќањето од Собранието на Република Македонија.

Обвинувајќи го претседателот на државата дека не кажал ниту збор за изјавите на Зоран Заев, дека бугарската држава во Втората светска војна била ослободител, дека имало администрација и дека македонскиот и бугарскиот јазик се едно исто, Николоски рече дека Пендаровски е претседател кој што не се консултира ниту со политичките партии, ниту со еден поширок општествен круг, за стратешки работи кои и се предлагаат на Македонија.

Николоски рече и дека без постоење на елементарен доказ за обезбедено мнозинство претседателот Пендаровски му го додели мандатот на Зоран Заев ставајќи го во привилегирана позиција за составување на Влада, во услови кога самиот Зоран Заев кажа дека нема обезбедено 61 потпис.

-Стево Пендаровски е претседател на држава којшто е нелегитимно избран, затоа што се појави сведоштво на лидер на верска заедница кој што кажа дека гласовите за Стево Пендаровски биле купени, а за возврат му биле ветени пари и земјиште на Скопко Кале. И затоа нема легитимитет да се претставува како претседател на Република Македонија, изјави Николоски. 

(ВО ЖИВО) Прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ