Македонија 19. февруари 2020. / 20:30

Николоски: Филипче со најголемиот партнер на Министерството за здравство заеднички купиле плацеви од 15.000 м2

Николоски: Филипче со најголемиот партнер на Министерството за здравство заеднички купиле плацеви од 15.000 м2

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на „Топ тема“ на „Телма“ објави дека семејството на министерот за здравство Венко Филипче и партнерот со кој неговата баба градат куќа имаат и заедничко земјиште од 15.000 М2.

Како се купуваат толку земјиште без некој да сноси одговорност? – ја праша Николоски министерката за одбрана.

Николоски праша и како е можно во овој случај да нема судир на интереси кога тој партнер добива тендери од Министерството за здравство и дека нема функционер на СДСМ кој не е влезен во некој вид на криминал.