Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ на денешното гостување на Студио 10 на ТВ 24 упати силни критики кон министерот за здравство, Венко Филипче, поради неговото справување со корона вирусот како главен човек во здравството.
-Бројот на заразени и починати секојдневно расте. За вакви црни бројки треба да се има одговорност, а одговорноста е кај Венко Филипче. Прочитав работа една и ми се слоши кога Филипче се кандидира за маж на годината, дали треба да троши време да се кандидира е дно , во време кога умираат луѓе да се кандидира Венко Филипче за маж на годината е големо дно., истакна Николоски.