Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во синоќешното гостување во емисијата “Заспиј ако можеш” на Алфа телевизија рече дека проблем е и што изборите требаше да се одржат на 12 април, истите беа распишани на 15 февруари и се распушти македонското собрание.
Тоа е така бидејќи согласно позитивните законски процедури во Македонија, како што рече, претставува корупциски скандал и кршење на закон доколку институциите прават работи коишто не се неопходни.
А одобрување на ДУП не е неопходно, што го става претходниот министер за транспорт и врски од СДСМ во сериозен судар со законот затоа што одобрил ДУП во период кога се распишани избори, кога не смеат да имаат институциите никакви активности освен оние коишто се неопходни. А тоа е уште еден скандал, објасни Николоски.
И покрај тоа што меѓународната заедница се обратила до него да достави документи кои ги поседува, се заинтересирале и меѓународни новинари, се заинтересирале и релевантни политичари и институции, никој од јавното обвинителство ниту од локалните институции не го контактирал иако знаат дека ги има документите. Тој потенциаше дека стои на располагање да ги приложи сите докумети што ги има.
Мислам дека во делот на Министерството за транспорт и врски има работи и за антикорупциската комисија којашто е задолжена да го следи целиот тој предизборен период и мислам дека антикорупцикаста комисија треба посериозно да се позанимава со тоа како е возможно прво за седум дена да се одобри овој ДУП и да се одобри на распишани избори, значи во кампања. Тоа што после тоа се воведе вонредна состојба на 15 март не ја менува состојбата затоа што е ова еден месец порано а изборите тебаше да се на 12 април, така што ова е предизвик и за антикорупциската комисија да се позанимава со овој дел од случајот, додаде Николоски.