Македонија 23. април 2020. / 12:26

Николоски: Димитров го крие документот со кој Бугарија го условува датумот за преговори и бара да се откажеме од македонскиот јазик и историја

Николоски: Димитров го крие документот со кој Бугарија го условува датумот за преговори и бара да се откажеме од македонскиот јазик и историја

На денешната прес-конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски ги откри најновите условувања кои Македонија ги има од Бугарија во однос на започнувањето преговори со ЕУ, а Никола Димитров, Зоран Заев и Оливер Спасовски ги кријат од македонската јавност.

Скандал од невидени размери е документот со кој Никола Димитров под патронат на Заев и Спасовски го крие од јавноста, а со кој Бугарија отворено условува за датумот за преговори. Македонија има нов голем проблем со нејзините евроинтеграции. Од Македонија се бара да се откаже од македонското малцинство, а со тоа и од именувањето на македонскиот народ како македонски, затоа што малцинството во соседните држави е нераскинлив дел од македонскиот народ, како и да се откаже од македонскиот јазик.  И да користи таканаречен служен јазик на Република Македонија, изјави Николоски.

Николоски додаде дека исто така ќе мора брзо да работи и комисијата за историски прашања, ако Македонија сака да продолжи со преговорите со ЕУ, и тоа го пишува во документот кој стана дел од резимето на заклучокот, за проширување на ЕУ, и без кој нема датум за преговори за Македонија.

Со имплемтацијата на одредбите на овој документ, се  условува одржувањето на првата меѓувладина конференција, за конечно дефинирање на преговарачкиот пакет за почеток на преговрите на Македонија со ЕУ.  Ако го прифати ова македонската Влада по сменетото име, ќе треба да се откаже од македонското малцинство, македонскиот јазик и од голем дел од македонската историја, изјави Николоски