Оваа коалиција е коалиција на лагата. Кога се оди на избори се среќаваме со луѓето разговараме, даваме предлози, концепти што ќе работиме во четиригодишниот мандат, даваме веувања, и она што е многу битно треба да држиме до ветувањата за да имаме образ пак да се појавиме, рече Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница.
Тој смета дека тоа лично секогаш го правел и дека го задржал образот да може да се кандидира во 2020 година и да биде повторно избран за пратеник.
Според него мнозинството кое се потпишало за оваа кандидатура, денес го губи образот.
Едните во кампањата зборуваа дека ќе прават друг вид на коалиција доколку победат (СДСМ и нивните коалициони партнери) и дека ќе го пуштат ДУИ во опозиција, а вторите зборуваа дека ќе направат коалиција единствено доколку добијат свој кандидат за премиер односно претседател на Владата, рече Николоски.
И едните и другите, додаде Николоски, на тој начин добиваа гласови.
Оние кои се разочарани од владеењето на ДУИ гласааа за СДСМ, а оние другите гласаа заради тоа ветување. Денес и едните и другите гледаат дека биле излажани со што целосно се губи легитимитетот на овој парламентарен состав. Она што исто така е пролематично во оваа коалиција е понатамошното функционирање на ова собрание со кое најверојатно ќе претседава Талат Џафери, смета Николоски.
Според него почетокот на работа на овој парламентарен состав покажува дека дијалогот не е императив за било кого од владејачкото мнозинство како што не е императив ниту дадениот збор.
Се наметнува заклучокот дека ако дадениот збор не е императив тогаш веројатно е нешто друго, а власта се освојува заради две работи: помал процент на луѓе ја освојуваат и се борат за истата, за идеали. А поголем процент за интереси и затоа граѓаните ја доживуваат така како што ја доживуваат.
Ако идеалите од ова парламентарно мнозинство се закопани, а се закопани затоа што се спротивни на ветувањата кои ги слушнавме во целиот предизбрен период тогаш тоа значи дека ова ќе е владејачко мнозинство на интересите, рече Николоски.