Поминаа три дена откако јавно побарав од Зоран Заев да одговори дали го пријавил случајот Рекет како што долго време гради приказна ПР тимот околу него, напиша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Ако го пријавил мора да има писмена белешка, па го повикувам да ја покаже. Имено упатувам на Законот за кривична постапка член 274 став 3 кој вели дека доколку пријавата се поднесува усно за истата се составува записник, а доколку е телефонски се составува службена белешка. Исто така упатувам на Законот за јавно обвинителство член 39 во кој јасно стои дека ЈО прима пријави, претставки и други поднесоци и изјави од граѓани.Врз основа на сето ова може ли Зоран Заев да каже на кој ден, на кој начин и како го пријавил Рекет и да ја покаже службената белешка или записник од пријавата. Очекувам одговор, напиша Николоски.