Македонија 12. ноември 2020. / 11:18

Николоски: Да се формира експертска комисија за борба против Ковид 19

Николоски: Да се формира експертска комисија за борба против Ковид 19

Борбата со здравстениот предизвик треба да биде фокус.  Тажна вистина дека во Македонија се случува стихија, изјави потпредседателот на ВМРО ДПМЕ Александар Николоски, во гостување на емисија на ТВ 24.

-Ако го гледате целиот процес од март до сега, правилата кои важат за целиот свет не важат за Македонија, имаше варирање на  бројките, а тоа е стихија. Високата смртност исфрла друг проблем на состојбата на здраствениот систем, во дел на протоколи, апаратура, лекарства, дупките во системот кои се создаваат цели 30 год сега се гледаат, сега кога десетици илјади семејства  имаат проблеми, тоа  е национална трагедија, изјави Николоски.

Не се искористи целиот потенцијал и нема константа во политиките вели Николоски.

-Конкретниот предлог на ВМРО ДПМНЕ се измени на Законот за заразни  болести, да се формира  Комисија експертска, сметам дека има чесни луѓе во Комисијата за заразни болести. Предлагаме решение за вклучување на најдобрите експертите, тоа што е врв во Македонија, Медицински факултет, најдобрите болници, да се соберат на едно место да носат одлуки и тие немора да ги потврдува Владата. Комисијата тоа што ќе го носи како одлука да биде задолжително. Филипчче велеше дека вториот бран ќе трае пократко, а не е така, изјави Николоски.

Прочитав работа една и  ми се слоши кога Филипче се кандидира за маж на годината, дали треба да троши време да се кандидира е дно , во време кога умираат луѓе да се кандидира Венко Филипче  за маж на годината е големо дно.