Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски попладнево гостуваше во вестите на Канал 5 телевизија.
На интервјуто зборуваше за актуелните случувања во Собранието и сите политички теми во Македонија.
Тој се освна на Договорот за добрососедство со Бугарија и за датумот за старт на пристапните преговори за членство во ЕУ.
„Со Заев и со Димитров четири години не почнуваме преговори. Никој не може да го види и не знае кој е тој датум, а тоа е поради немањето реформи и поради овој сервилен однос кон Бугарија кој е предмет на разни условувања. Не е точно дека Бугарија се обврзала да и помогне на Македонија да стане членка на ЕУ. Бугарија се обврзала да ги сподели своите искуства, а тоа е различно. Во тој договор нема никаква обврска од Бугарија“, рече Николоски.