Македонија 12. април 2020. / 21:11

(ВИДЕО) Николоски: Bo Прилеп луѓето чекаат по 5-7 дена за резултат, тоа е недозволиво!

(ВИДЕО) Николоски: Bo Прилеп луѓето чекаат по 5-7 дена за резултат, тоа е недозволиво!

Во градот Прилеп од ден во ден расте бројот на заболени од корона вирусот. Прилеп се соочува со голем предизвик – да се заштити здравјето на оние кои се заболени од вирусот и да се спречи понатамошното ширење, напиша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Посакувам брзо оздравување на сите! Изразувам сочуство на семејството на починатиот. Посакувам што помалку лоши вести да доаѓаат од Прилеп. За ова да се случи потребно е итно да се направи масовен скрининг / тестирање на поширока бројка на луѓе кои индиректно би можеле да бидат под опасност. Тестови мора да се набават и да се направи ова тестирање за да се откријат сите жаришта, напиша Николоски.

Николоски повика што побрзо да стигаат резултатите на веќе тестираните.

Информациите од Прилеп се дека луѓето чекаат по 5-7 дена за резлутат! Тоа е недозволиво долго време! Драгоцено изгубено време, зашто доколку навреме се детектира вирусот и веднаш се почне со терапија многу поголеми се шансите.Да се дозволи поголема слобода во однос на проценката на матичниот лекар за креирање на упати преку системот мој термин, да се направи скрининг на здравствениот персонал. Тие се нашите херои и се на првата борбена линија. Нив им е потребен соодветен заштитен материјал и опреми кои Министерството за здравство мора да ги обезбеди.Исто така потребна е итна поддршка за стопанството – од најмалиот дуќан во прилепската чаршија до најголемата фабрика. На сите им треба поддршка! Особено се погодени дуќанџиите, малите семејни бизниси, занетчиите и сите кои живеат од својот труд. Потребен е посебен сет мерки и субвенции за нив. Затоа што стопанството мора да преживее за да може после кризата да се опорави и луѓето да ги задржат своите работни места, напиша Николоски

Според Николоски сите капацитети што стојат на располагање мора да се искористат и мора да му се помогне на Прилеп како и на цела Македонија, и дека нема место за политика, туку е време да се спасуваат животи!

Поддршка за Прилеп и прилепчани! Заедно ќе го поминеме и овој предизвик, напиша Николоски.