Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во емисијата „360 Степени“, се осврна на иницијативата на Беса за вметнување на нова графа во личните карти за етничката припадност.
„Треба да го видиме тој Закон во Собранието, но тука се отвара една интересна работа. На пример, власта тврди дека идентитетот е берониран, ако е така не гледам што има лошо во тоа на пример, да пишува во мојата лична карта, Александар Николоски – Македонец. Би било убаво да пишува државјанство – македонско, етничка припадност – Македонец. Би сакал да видам тоа да се случи, дали ќе се случи во моментов зависи од власта, затоа што ние ги немаме се уште бројките но, би сакал да го видам тоа“, рече Николоски.