На денешните Пратенички прашања, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, зборуваше за бандата поврзана со сегашните случаи и Сашо Мијалков, која се движи низ градот во последниот временски период.
-Во изминатиот период во Скопје хара една банда насилници којашто јас барем знам дека претепа 4 луѓе во градот, од кои еден новинар и тројца познати луѓе во градот. Сите имаат едно заедничко, а тоа е дека не се во добри односи со бегалец од правдата, вели Николоски.
Тој апелира до министерството за внатрешни работи да преземат акција против оваа банда, која има нанесено сериозни повредени на четири луѓе.
-Моето прашање е дали после сите овие случувања и состојбата во која што се најдовте и како министри и како влада, ќе се охраби министерството за внатрешни работи да ги открие овие луѓе и да одговара затоа што претепаа 4 луѓе. Од тие 4 дел се со сериозни последици, за среќа сите 4 се живи, но барем тојца од нив можеа да не бидат живи земајќи го предвид степенот на повреди коишто ги имаа, и дали истите конечно ќе бидат запрени затоа што истите претставуаат еден вид на платена војска на бегалецот од правдатат. Долго време се страв и трепет во градот на сопственици на фирми и компании коишто беа уценувани и преземани, вели тој.
Николоски смета дека напаѓачите се наоѓаат во скопската населба Автокоманда, и дека прашање е кога ќе ја направат нивата следна акција
-Еве да помогна и јавно, дека цел град знае дека се од скопската населба Автокоманда, да ја насочам и истрагата. Имајќи предвид дека е ова е мал град, мислам дека со соодветни методи ќе можат да се откријат, така што прашањето е дали ќе имате акција за откривање на овие луѓе, имајќи предвид дека го тероризираат цел град и дека прашање е кога ќе направат следна акција. Можеби мене ќе ме нападнат, имајќи предвид дека сега јас јавно поставувам едно вакво прашање. Мислам дека е добро да се исчисти градот од вакви и слични на нив насилници коишто хараат по градот, додаде тој.