Јавноста и ВМРО-ДПМНЕ нема да му дозволи на власта да краде од парите на граѓаните, напиша на Фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.
Според Николоски, благодарение на реакциите од страна на јавноста, медиумите и ВМРО-ДПМНЕ, стопиран е контроверзниот тендер на Министерството за здравство, а исто така вецепремирот Кочо Анѓушев се откажа од грантовите на Фондот за иновации и технолошки развој, кој ги добиле фирмите каде тој е косопственик.
Менувањето на името, не значи дека власта може да прави што сака во државата, додава Николоски.