Македонија 25. декември 2018. / 19:52

Николоски: 2018-тата година е најлошата година во историјата на Република Македонија

Николоски: 2018-тата година е најлошата година во историјата на Република Македонија

Често опозиционите партии користат една флоскула дека се што прави партијата на власт е негативно, меѓутоа 2018-тата година е дефинитивно најлошата година во историјата на Република Македонија. Ова вечерва го изјави Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во гостувањето во „Отворено“ на Алфа.

Тој потсети дека во 2018 година ВМРО-ДПМНЕ влезе со ново раководство и настанаа големи промени во партијата која го немаше луксузот да има една слободна година во која ќе се посвети повеќе на внатрешните работи, поради сите случувања во земјата.

Николоски зборуваше и за предизвиците со кои се соочи новото раководство. Според него, иако владеачките структури се обидуваа да налепат етикети на новото раководство дека е под контрола на претходното, оваа застарена пи-ар стратегија не им успеа. А тоа власта го прави за да дефокусира од нејзиното штетно работење и немање конкретни решенија за проблемите на граѓаните.

-Затоа што немаа што да понудат, немаат решенија и реални проекти, затоа што имаме премиер на држава кој не сме го виделе да слезе меѓу народот и да се сретне со земјоделците, сточарите, студентите, пензионерите, вработените и невработени, да тргне по градовите меѓу народот, да разговара со луѓето да ги види нивните проблеми, да се обиде да ги реши… Не сме го виделе да го прави тоа. СДСМ единствено ги бива за сплетки и сплеткарења, но апсолутно не им поминуваат бидејќи фактите се целосно рализчни од зборуваното, вели Николоски.

Николоски упрати прашање до граѓаните, дели некогаш го виделе Заев да сече лента за отворање на нова фабрика и нови рабтни места.