Македонија 26. август 2018. / 12:43

Патуваме кон Европа: Димитров во Стојаково со Рено 4 возеше амбасадори

Патуваме кон Европа: Димитров во Стојаково со Рено 4 возеше амбасадори

– Ѓоко и Ѓорѓи, јунаците кои возеа Од Стојаково до Ница со Рено 4 денес пристигнаа дома. Имав чест да учествувам на пречекот и запознав едно чудо насмеани и вредни луѓе во гостопримливото Стојаково.

Инспирацијата од оваа убава приказна: Сите сништа се возможни и почнуваат со првиот чекор!

Благодарност до амбасадорите на Србија и Словенија, Душанка и Милан, како и до дипломатите од Франција и Хрватска, земји кои беа дел од патешествието, кои ми се придружија во удобноста на 40 годишното Рено. Наш ред да патуваме кон Европа , напиша министерот за надворешни работи  на Македонија, Никола Димитров на неговата Фејсбук страна.