Во политичките кулуари се шпекулира дека поранешниот министер за надворешни работи Никола Поповски е во процес да формира политичка партија заедно со актуелниот министер за надворешни Никола Поповски и градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев.
Како што дознаваме во овој процес учествува и поранешниот министер за здравство Никола Тодоров, кој пред скоро време беше исклучен од ВМРО-ДПМНЕ.
Оваа информација, синоќа ја лиферуваше и новинарот Васко Ефтов во емисијата „Во Центар“. Тој посочи дека Никола Поповски и Никола Димитров се потенцијални кандидати да застанат на чело на една партија која би можела да биде формирана со работно име конзервативна партија.
Ефтов ги анализираше двајцата, како идни кандидати за претседатели на Република Македонија, и се прашува дали формирањето на политичка партија која тие двајца би ја воделе е причината поради која тие се изземени како можни кандидати за претседател на државата.
-Зошто овие две имиња не се спомнувале покатегорично во претседателските избори односно во трката за претседател, е прашањето кое тој го упати.
Ефтов потенцираше дека Никола Поповски не гласал ни во првиот круг на уставни измени, ниту во вториот круг на уставни измени. Имено тој нагласи дека на Поповски му било речено да не се валка во уставните измени зошто уставните измени ќе поминеле и без него.
-Дали ова ќе се оствари ќе видиме и се ќе зависи од резултатот на претседателските избори или првиот круг на тие претседатеслки избори, додаде Ефтов