Македонија 07. октомври 2020. / 22:00

Нема секој интернет и компјутер, сакаме да учиме на училиште порачаа на протест средношколците од Тетово

Нема секој интернет и компјутер, сакаме да учиме на училиште порачаа на протест средношколците од Тетово

Во Тетово, дел од средношколците од сите средни училишта од наставата по албански јазик протестираа јавно поради учењето од далечина и побараа наставниот процес да се одвива во училиштата. Тие се собраа пред централниот објект на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ околу 13 часот па потоа маршираа до Плоштадот.

Ние сме ученици кои сакаме да учиме, нема секој интернет и можност да се вклучи на платформата и нема секој компјутер затоа протестираме. Има проблеми со платформата. Не се сите економски добри, има ученици кои јас ги знам и немаат пари за да купат компјутер. Тука сме од сите средни школи. Јас персонално немам ни код за да влезам во наставата и оние што ми кажуваат дека и професорите во училиштата немаат ни интернет и затоа е многу проблематично, изјави ученичката Влера Мухареми.

–Сакаме да учиме во училиште затоа што има многу дефекти на платформата, изјави ученикот Берат Шаини од гимназијата.

На 1 октомври дел од средношколците од повеќе средни училишта од наставата по албански јазик се собраа пред гимназијата „Кирил Пејчиновиќ и со тоа ја бојкотираа наставата од далечина.

Во рамки на општина Тетово, според податоците на секторот за јавни дејности на училиште започнаа да одат 3400 ученици од прво до трето одделение. Општина Тетово брои 9.850 основци и 6300 средношколци