Македонија 12. октомври 2020. / 16:45

Нема намалување на казните за осудените од Златна зора

Нема намалување на казните за осудените од Златна зора

За раководството на криминалната организација, односно за лидерот на Златна зора и за шестемина поранешни пратеници, нема да бидат земни предвид олеснителните околности предложени од нивните адвокати и нема да има намалување на нивните казни, јави дописничката на МИА од Атина.

На денешното рочиште, судот ја соопшти одлуката и одобри ублажување на казните за четири поранешни пратеници, осудени за учество во криминална организација, како и за уште девет други лица.

Со отфрлањето на барањето да се земат предвид олеснителни околности, лидерот на Михалољакос и уште шест поранешни пратеници се соочуваат со казна затвор од пет до 15 години.

Во судската сала на денешното рочиште беше и поранешниот пратеник од Златна зора, а сега независен европратеник Јанис Лагос, кој побара збор и рече дека е повредена пресумпцијата на невиност и постоела директна или индиректна интервенција и од грчкиот премиер.

Во исто време со рочиштето, пред судот се одржува протест против Златна зора