Секојдневно министерството за здравство и министерот Венко Филипче повикуваат родителите да ги вакцинираат своите деца со МРП вакцините со цел да се спречи епидемијата со морбили. Но по одредени информации кои ги добивме дознаваме дека нема вакцини по пунктовите за вакцина.
Самите пунктови располагаат само со 5-6 вакцини за МРП и Хекса. Граѓаните одат од поликлиника до поликлиника и бараат вакцини, но вработените ги упатуваат до други места со образложение дека немаат вакцини. Со информации кои располагаме наводно има уште 40 МРП вакцини на ниво на Град Скопје, и како со овој мал незнаечаен број на вакцини ќе се изврши масовна вакцинација. По овој проблем кој се јавува,а министерството молчи, одговорно е на граѓаните да им излезат во пресрет со информации да знаат зошто нема вакцини, а повикуваат на итна вакцинација.
Дали ќе обезбедат вакцини и за кој временски период бидејќи вака револтираноста на граѓаните се повеќе расте, а довербата во здравствениот систем опаѓа.