Македонија 20. јануари 2020. / 12:37

Нема абер од гасификација на гинекологија Чаир- административните процедури биле многу долги

Нема абер од гасификација на гинекологија Чаир- административните процедури биле многу долги

Една година се влече проектот за гасификација на гинекологија Чаир. Иако во февруари минатата година министерот за здравство  Венко Филипче најави  дека специјалната болница по гинекологија и акушество „Мајка Тереза“ во Чаир ќе го промени начинот на греење од мазут на гас од следната сезона,  до денеска нема ни “Г“ од гасификација на истата.  Филипче денеска на новинарско прашање изјави дека административните процедури биле навистина долги.

Во однос на постапката за гасификација во гинекологијата во Чаир, Филипче  рече дека административните процедури, во однос на проектирањето, на ревизијата на проектот во однос на добивањето на дозволи па воведувањето во работа биле навистина долги и верува дека економскиот оператор за рекордно време ќе го заврши тој процес. Додаде дека од технички аспект ќе се обезбеди целосна гасификација на болницата